Македонија
16. September 2022 - 13:40

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ урна рекорд: 10 часа зборуваше во Собранието

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска Трајковска го урна македонскиот рекорд на говор во Собранието откако до рано утрово зборуваше во Комисијата за избори и именувања на седницата на која требаше да се избере актуелниот републички Јавен обвинител за Уставен судија.

Некаде по полноќ седницата беше прекината и нејзиното продолжение во собраниската агенда е закажано за денеска во 10:30.

Претходно, оваа комисија ги одби сите предлози кои ги достави опозицијата за нови уставни судии, а ги прифати сите предлози кои ги достави мнозинството, со исклучок на Јовески за кого дебата се уште трае.

Уставниот суд во моментов има само 5 судии, а му недостасуваат уште 4 за да се комплетира.

Ново на Сител