Практикантска работа и вработување на лица со попреченост
Kомунално претпријатие „Комуналец” во Кичево вработи 3 лица со попреченост преку Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост. Проектот се залага за еднакви права за социјална и економска инклузија на лицата со попреченост и е фокусиран кон зголемување на видливоста за проблемите на лицата со попреченост кај компаниите и пошироката заедница.
„Многу сум задоволен од работната позиција и среќен сум што моите колеги одлично ме прифатија! Ова вработување не претставува само финансиски бенефит за мене, туку и зголемување на бројот на моите пријателства. Работата ми ја зголeмува самодовербата и прави да се чуствувам корисен.” – изјави Бурим Иљази, еден од новите вработени во „Комуналец” – Кичево.
„Преку овие вработувања, нашата цел е да докажеме дека сме општествено одговорно претпријатие и да го инспирираме јавниот и бизнис секторот во општина Кичево да ги отворат вратите за лица со попреченост затоа што добиваат лојални и вредни работници кои брзо се вклопуваат во работната средина.” – вели Зенел Јонузи, директор на jавното комунално претпријатие „Комуналец” во Кичево.
Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост ја поддржува имплементацијата на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост во Македонија. Целта на проектот е зголемување на можностите за вработување на лицата со попреченост и подигнување на јавната свест за нивните способности и предизвиците со кои се соочуваат. За да се постигне оваа цел проектот обезбедува пракси и обуки за како да најдат работа, како да напишат резиме, како да се подготват за успешно интервју и како да започнат сопствен бизнис. Помошта од проектот е наменета за лица со попреченост од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево.
Досега, преку Проектот се обучени 424 лица со попреченост на тема “Стратегии за барање работа”, 49 лица ја посетија дводневната обука за претприемништво, 63 лица ја посетија дводневната обука за развивање на креативни вештини на лицата со попреченост и 267 претставници од различни компании и институции се обучени за менторско водење на лица со попреченост. Вработени се 163 лица со попреченост и 84 лица со попреченост имаат остварено практикантски ангажман.
Ново на Сител
-
На Аљаска се урна американски авион Ф-35, пилотот се катапултирал и спасил
-
Франција со гол во последната секунда обезбеди полуфинале на СП 2025
-
Симулација на сајбер хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“
-
Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје
-
На Комисијата за именувања Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ
-
Трамп ја отвора Белата куќа за брифинзи за инфлуенсери и водители на подкасти
-
Шолц за Си-Ен-Ен: Тоа што Маск го прави е „навистина одвратно“
-
Ким Џонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит