Практиканството ќе се уредува со закон
Практиканството ќе се уредува со закон. Надлежните уверуваат со тоа младите до 29 години кои ќе одат на пракса во фирмите ќе бидат заштитени од било какви злоупотреби. Компанијата ќе може максимално да ги ангажира на 6 месеци. Ќе добиваат и паричен надоместок. И тоа за ангажман до 3 месеци тој ќе изнесува по 5.000 денари, а ако останат и наредните три ќе добиваат по 12 000 денари.
Од бизнис секторот тврдат дека средствата кои ќе ги обезбедат за паричен надоместок за практикантите нема да прествауваат финансиски товар за фирмите.
Според надлежните како и во светото така и во Макеоднија практиканството дало добри резултати, само што кај нас не било регулирано со закон. Од 2017 од вкупно 900 млади лица кои биле вклучени во програмата за пракса заклучно со 30 јуни годинава вработени се 50 отсто од нив или 445 лица.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
