Прага бара земјата официјално да биде ословувана како Чешка
Чешките власти повеќе не сакаат официјалното име на земјата, која многу држави ја нарекуваат Чешка Република, да биде несоодветно кратено и изобличувано и ќе побараат од ОН да биде регистрирана поедоставена форма на нејзиниот назив, кој официјално ќе се користи во сите земји.
- Министерството за надворешни работи ќе побара од ОН да ги впише во регистрите правилните еквиваленти на името на земјата на официјалните јазици - Czechia на англиски, Tchequie на француски, итн, се вели во заедничкото соопштение на претседателот, премиерот, министерите за надворешни работи и за одбрана и претседателите на двата дома на Парламентот на Чешка.
- Препорачуваме името на земјата да се користи со еден збор во ситуации во кои не е потребно да се користи официјалниот назив, како на спортски настани, маркетинг собири и слично, се вели во изјавата.
Меѓутоа, се јавија и противници на употребата на кратката форма на името на Чешка, меѓу кои е и министерката за регионален развој Карла Шлехтова.
- Не се согласувам со името Чешка (Czechia). Не сакам да не мешаат со Чеченија (Chechnya), напиша Шлехтова на Твитер.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат