ПП, ГЕРБ, ДПС и ДБ се за прифаќање на францускиот предлог, ИТН и Преродба против, БСП воздражана
„Промената продолжува“ (ПП), ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ) денеска побараа Народното собрание на Бугарија да го поддржи францускиот предлог за Република Северна Македонија. „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ предупредија да не се брза.
Поддржувачите на француската иницијатива ја опишаа како најдобриот предлог што Бугарија досега го добила и предупредија дека временскиот прозорец за нејзино усвојување наскоро ќе се затвори.
Противниците за кревање на ветото за Скопје, пак, во денешната дебата употребија изрази како „национални предавници“, а ИТН побара од претседателот Румен Радев да ги декласифицира документите од последната седница на Национален советодавен совет на тема Република Северна Македонија.
Според БСП, францускиот предлог кој е одбиен од Скопје, не треба набрзина да се прифаќа од парламентот, пренесе БТА.
Бранајќи го својот предлог, кој вчера доби зелено светло од парламентарната Комисија за надворешна политика, лидерот на ДП Христо Иванов, пред пратениците кажа дека со предложена одлука Бугарија не го укинува ветото, туку ја зголемува силата на ветото.
Тој нагласи дека францускиот предлог е добар за Бугарија.
– Ако не им верувате на експертите, на политичарите кај нас, слушајте што велат во Скопје за него – сметаат дека е неприфатливо за нив. Сите европски институции се зад нас, тие се гарант, рече Иванов.
Тој предупреди дека по завршувањето на француското претседателство со ЕУ може да се изгуби можноста која сега е понудена.
– Во моментот кога завршува француското претседателство, исчезнуваат политичките услови под кои можеме да поставуваме такви барања, истакна Христо Иванов.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
