Познато со што биле отруени поранешниот руски шпион и неговата ќерка
Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле затруени со нервен гас.
Шефот на антитерористичкиот оддел на лондонската полиција Марк Рули изјави дека нападот врз Скрипал и неговата ќерка претставува обид за убиство.
Тој додаде дека двајцата во моментов се наоѓаат в болница во критична состојба.
Скрипал е поранешен полковник на руската воена разузнавачка служба. По пензионирањето од службата во 1999 година, работел во руското Министерство за надворешни работи до 2013 годнина, по што започнал да се занимава со бизнис.
Во 2006 година тој е осуден во Русија под обвинение дека се занимавал со шпионажа во корист на британската служба МИ6. Тогаш е осуден на 13 години затвор, но во 2010 година е ослободен во рамките на размена на шпиони со САД, по што заминува во Велика Британија, каде добива азил.
По апењето во 2004 година во Москва, Скрипал признал дека во 1995 година го ангажирала британската разузнавачка служба и рекол дека давал службени информации за руските разузнавачи во Европа, за што добил повеќе од 100.000 долари.
Руската безбедносна служба (ФСБ) тврдеше дека тој почнал да работи за британската служба уште во 90-те на минатиот век, додека служел во војска и дека на Британците им пренесувал информации, калсифицирани како државни тајни.
Шесет и шестгодишниот Скрипал и неговата 33-годишна ќерка во неделата беа пронајдени во бесознание на клупа во трговски центар во англискиот град Салисбери, по што бе преефрлени во болница.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути