Џет-Сет
12. July 2017 - 15:31

Познатите личности откриваат кога ја изгубиле невиноста - Еве што кажа Цеца

 
 
Сузана Манчиќ отсекогаш го сакала сексот, а Кристијан го сторил тоа уште на 13 години.
 
 
Сигурно и вие се сеќавате на првото сексуално искуство. На оваа скокотлива тема отворено проговорија српските ѕвезди.
 
Цеца Ражнатовиќ
 
Фолк дивата вели дека била од последната генерација девојчиња каде невиноста била навистина важна.
 
Нејзиниот прв пат бил на 18 години со момче со кое била во врска година и половина. Вели дека го направила тоа од љубопитност, но убавината на сексот ја почувствувала дури со нејзиниот сопруг Аркан.
 
 
 
Сузана Манчиќ
 
Познатата водителка ја изгубила невиноста на 16 години. Сузана Манчиќ вели дека во тој период имала момче кое го обожавала и едвај чекала да ја достигне долната граница од 16 години, која важела во тоа време, и да го стори тоа.
 
 
 
Кристијан Голубовиќ
 
Познатиот мафијаш ја изгубил невиноста на 13 години со својата прва љубов Сашка Миленковиќ, со која заедно одел во основно училиште
 
Огњен Амиџиќ
 
Водителот и пејач првиот секс го имал на 15 години и вели дека од денешна перспектива му изгледа дека во тој миг правел се освен секс. Додека неговите не биле дома викнал една другарка од средно училиште за да експериментираат.
 
Здравко Чолиќ
 
Првиот секс го имал на ливада во близина на една река. „На селските девојки што чуваа овци јас како момче од градот им бев навистина симпатичен“, изјави Чола кој додава дека невиноста ја изгубил навистина млад.