-->
-->
Познатиот рапер уапсен по грешка
-->
Познатиот рапер Вајклиф Џин ни крив ни должен заврши со лисици на рацете откако Полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД) го смеша со крадец.
Својот бес кон органите на законот, Џин го изрази на социјалните мрежи во придружен коментар до снимка од настанот.
- Уште еден случај во кој полицијата го погреши човекот. Црн маж со црвена шамија ограбил бензинска додека јас работев во студио, но мене ме уапсија?, напиша хип-хоп ѕвездата на Твитер.
- Едноставно ја зeдoа мојата хаиќанска шамија. Еве што моментно му се случува на Вајклив во Л.А. Полицијата ми става лисици апсолутно за ништо, вели во коментарите натаму.
Во меѓувреме, ЛАПД му испрати официјално извинување на раперот, јави „ЦБС Лос Анџелес“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси