Балкан
16. јуни 2016 - 11:04

Познатиот рапер испукан со 1 куршум пред дискотека, а неговиот пријател со 12

Во пукотница која вчера се случила пред еден белградски сплав, тату мајсторот  М.С. (34) е испукан со 12 куршуми, додека раперот Вукадин Гојковиќ, познат како Вук Моб, кој учествуваше во реалното шоу Парови, добил само еден кершум, а девојката која била со нив, за малку се спасила од залутан куршум.

М.С. се наоѓа во шок соба на Воено медицинската академија во Белград, свесен е, но сепак е во критична состојба, а без разлика на моменталната стабилност животот му е загрозен.

До пукањето дошло утрово околу 3:30, а на тоа претходела караница внатре во сплато, по што обезбедувањето ги исфрлило надвор. Тогаш дошло до пресметка, а двајца сеуште не познати мажи, кои ги бара полицијата побегнале.