Џет-Сет
12. јуни 2017 - 8:32

Познатиот пејач утрово итно хоспитализиран

 
Српскиот пејач Бобан Рајовиќ заврши во болница на инфузија, откако му се слошило бидејќи бил исцрпен од напорните настапи. 
 
Тој бил примен во болница утрово околу 5 часот во Клиника во Загреб, откако му се слошило по настапот во една хрватска дискотека. Тој се жалел на омалаксаност и вртоглавици.
 
Менаџерот на пејачот вели дека настапувал пет ноќи по ред и уморот си го направил своето, но сега се чувствува добро.