Живот
14. January 2019 - 23:08

Познатиот холивудски актер ја запроси ќерката на Арнолд Шварценегер

Крис Прат на „Инстраграм“ ја сподели веста за неговата свршувачка со Кетрин, ќерката на Арнолд Шварценегер.
 
Слатка Кетрин, токлу сум среќен што кажа ДА, напиша 39-годишниот актер, ѕвезда од филмовите „Чувари на Галаксијата“ и „Светот на Јура“.
 
 
Најстарата ќерка на Арнолд, 29-годишната Кетрин, ја започна врската со Прат минатата година, веднаш по неговиот развод со актерката и комичарка Ана Фарис.
 
Прат и Фарис беа во брак девет години и го имаат синот Џек (6).