Фудбал
12. October 2016 - 22:20

Познати уште четири екипи четвртфиналисти во Купот на Македонија

 
Откако денеска беа одиграни четири реванш натпревари од 1/8-финалето познати се уште четири тима кои ќе играат во 1/4-финалето на фудбалскиот Купот на Македонија по одигрувањето на четири реванш дуели од осминафиналето.
 
Најнеизвесно беше во Турново каде Хоризонт и Силекс одиграа нерешено 3:3, а кратовчани благодарение на победата на првиот дуел со 2:1, со вкупен резулат 5:4 се пласираа во четвртфиналето.
 
Шкупи и во реванш дуелот со Академија Пандев славеше победа со 3:1, откако го доби првиот меч со 1:0.
 
Две победи забележа и Брегалница против Тетекс. Попладнево го совлада противникот со 2:1 или со вкупни 6:1 го елиминираа тимот од Тетово. Два триумфа оствари и Победа Прилеп против Новаци. Попладнево беше 5:0, а на првиот дуел 2:1.
 
Следната среда се играат два дуела: Шкендија – Работнички (2:0 прв натпревар) и Вардар – Влазерими (3:1), додека во четврток играат Ренова – Пелистер (0:2).
 
По откажувањето на Младост Царев Двор екипата на Металург без борба се пласира во четвртфиналето.