Џет-Сет
4. November 2015 - 21:49

Познатата старлета си го осигурала задникот на 100 000 евра

Српска старлета и пејачка во обид си фантазира дека ќе биде славна како Џенифер Лопез.
 
Наташа Шавија која освен по учество во реални шоу програми и покажување и промовирање на промискуитет, по се изгледа „инстат реалити популарноста“ малку ја удрила во главата па решила да тргне по стапките на  светската ѕвезда Џенифер Лопез.
 
Како што пишуваат регионалните медиуми Шавија си го осигурала задникот на 100 000 евра и тоа во една странска осигурителна компанија.
- Секој си го осигурува имотот од пожари и други временски неприлики, па зошто тогаш и ја да не го осигурам тоа што ми носи приходи. Кога е во прашање мојот задник, можностa да дојде до пожар е далеку поголема од кога удираат громови – им порачала Шавија на медиумите.
 
Но да бидеме искрени и не се за потфрлување тие 100 илјади евра за некој кој освен, разголување на социјалните мрежи и во медиумите, „не знае“ точно да ја дефинира својата професија.