Џет-Сет
31. October 2016 - 14:58

Познатата пејачка не може да си оди дома по породувањето

Бидејќи пејачката Славица Чуктераш на свет ја донесе ќеркичката Викторија со царски рез, посетите не и се дозволени, а во собата не може да влезе ниту нејзиното момче, поранешниот голман Владо Аврамов.

Поради потребата за целосно стерилни услови за да се спречат евентуални вируси и зарази, болницата донела одлука сите посети на одделението на кое лежи Славица да бидат строго забранети па така и нејзиниот Владо се уште не успеал да ја види, објасни извор блисок до пејачката.

Таа во болница ќе остане минимум четири дена зошто и е потребно опоравување.

-Славица во моментов е добро. Се помина во најдобар ред, но бидејќи не се породи по природен пат туку со царски рез, таа моментално е префрлена на посебно одделение каде мора да мирува, вели извор.

Славица која се породи во четвртокот, набрзо потоа се јави преку Инстаграм профилот каде покрај фотографијата од ружи напиша и статус нагласувајќи дека таа и бебето се во ред.

Сепак, не откри ниту еден друг детал.

-Иако би сакала да си го земе бебето и во истиот момент да си оди со неа дома каде ја чека нејзиниот Владо, мора да се одмара тука. Ни самата не е свесна за тоа зошто и натаму ја држи адреналинот, а инаку е личност која по природа ретко се жали, а беше и една од поблагодарните трудници. Навистина немаше некои посебни барања иако Владо цело време беше покрај неа, вели изворот.

Како Славица и нејзиниот вереник, поранешниот голман Владо Аврамов, во јавноста никогаш не се појавуваат заедно, претходно се шпекулираше дека и покрај приновата која беше на пат, тие решиле да се разделат.

Foto Instagram