Свет
17. April 2019 - 13:01

Познатата џамија Ал Акса гореше кога и Нотр Дам: Избувна пожар во третото најголемо муслиманско светилиште

Џамијата Ал Акса во Ерусалим ја зафати пожар во понеделникот, во истиот ден кога гореше и катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарот бил брзо изгаснет и никој не  е повреден, пренесуваат светските медиуми. 
 
Пожарот избил во соба на еден од чуварите, која се наоѓала во близина на покривот.
 
За среќа брзата интервенција на пожарникарите успеала да не дојде до голема катастрофа.
 
На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа чад кој се издига над овие простории. 
 
Џамијата Ал Акса е третиот најголем објект во исламот.