Позната скијачка загинала при снимање на видео игра

За жал, играта на Ubisoft за екстремни спортови, Steep, ќе остане запаметена по тргедијата која се случила додека се снимани сцени за меѓуанимации и анимации на ликовите, објави Digital Spy.
Професионалната скијачка Матилда Рапапорт (30), загина на Андите, во Чиле каде ја зафатила снежна лавина. И покрај брзата реакција на екипата за спасување, починала во болница поради оштетување на мозокот предизвикано од недостаток на кислород.
Ubisoft во изјава за GameSpot кажаа дека се потресени поради оваа случка, едка се тажни и дека не успеале, иако направиле се што можат, да го спасат животот на Матилда.
Матилда била Шведска скијачка, се бавела со екстремни спортови и во текот на 2014 година веќе еднаш била зафатена од снежна лавина, но успеала да преживее. Откако по несреќата се вратила на скијањето зборувала за надминување на стравот од тоа што и се случило.
Матилда загинала на 14 јули на Андите, но веста за нејзината смрт е објавена по официјалното соопштение на еден од нејзините спонзори.
Играат Steep за конзоли ќе искочи на крајот на 2016та година.
Ново на Сител
-

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
-

Ја заклучил во просторија и со средство за чистење ја испрскал во очите, приведен 31-годишен велешанец
-

Втор круг на гласање во 33 општини
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја носел неговата малолетна ќерка да питачи во Струга
-

ОЈО бара притвор за директорот на Kомунална поради несобирањето на ѓубрето во Скопје
-

Средба на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски со претседателот на Уставниот суд на Шпанија
-

МЗ: Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани
-

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури
