Познат идентитетот на жената која синоќа загина во струшко

Седумдесет и девет годишната Нафије М. од Струга е жената која синоќа го загуби животот по удар од автобус на магистралниот пат Ќафасан – Струга во близина на населбата Мислешевски пат.
- Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од починатата и неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“, а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар, инфомира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој појасни дека во моментот на непрописното преминување на коловозот Нафије М. била удрена со предниот дел од автобусот кој на патот се движел во правец од Струга према селото Подмоље.
На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга, како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.
За време на увидот, магистралниот пат не беше запрен за сообраќај, односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување на околните улици.
Ново на Сител
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
