Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Плетвар
Тригодишното девојче Теодора Е. од Скопје и 23 годишниот Горан Ц. од селото Големо Радобил, Прилеппско го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа околу 20:20 часот се случи на магистралниот пат Прилеп – Градско кај Плетвар.
Во несреќата се повредени уште пет лица, кои се префрлени во Прилепската градска болница и според Основното јавно обвинителство, се со полесни телесни повреди, надвор од животна опасност и веќе се пуштени на домашно лекување.
Прилепскиот јавен обвинител Ристо Шошески потврди дека синоќа се судриле три возила.
- Според првичните сознанија, автомобил „Фолсфаген шаран“ со скопски регистерски таблички, движејќи се од Прилеп кон Градско претекнувал товорно возило „Пежо експерт“ со бугарски регистерски таблички. Автомобилот удрил во камион со бугарски регистерски таблички натоварен со дрва. Контактот бил мал, но не можела да се избегне трагедијата, изјави Шошески.
На местото на несреќата од тешките повреди починала тригодишната Теодора која се возела во автомобилот со скопски регистерски таблички и 23 годишниот Горан Ц, возач на товарното возило со бугарски регистерски таблички. Уште петмина патници од авгомобилот се повредени. Тие се префрлени во Прилепската градска билница и, според обвинителот Шошески, имаат лесни повреди и веќе се пуштени на домашно лекување.
Поради тешката сообраќајна несреќа, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп - Градско синоќа беше во прекин повеќе од три часа. Полицијата и обвинителството направија увид, а по обдукцијата на загинатите треба да се утврдат причините за нивната смрт.
Ново на Сител
-
Нормално е да растат цените, вели министерот за економија - Мерки нема да има
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади