Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
Четириесет и четири годишен радовишанец е жртва во сообраќајната несреќа што денеска во 14:39 часот се случи на експресниот пат Штип-Радовиш.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека е потврден идентитетот на возачот, кој управувал со возилото со радовишки регистарски таблички и оти станува збор за лицето М.В. од Радовиш.
Во несреќата, која се случи во 14:39 учествуваа две возила, според првичните информации станува збор за директен судир меѓу возило со радовишки таблички и скопско товарно возило. Повредни се и две други лица во несреќата. Станува збор за возачот и сопатник од возилото со скопски регистарски таблички. Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска потврди дека повредените по направените прегледи се пуштени дома.
Се уште е во тек увидот на местото на несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш кај дваесеттиот километар. Штипските пожарникари биле повикани да интервенираат, со пепе апарати гаснеле едно од возилата, кое можело да се запали од силината на директниот судар. Оваа делница од клучката за Неготино, до клучката кај Бучим е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат да се движат по стариот регионален пат Штип-Радовиш преку Пилав Тепе.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор