Македонија
21. јуни 2022 - 11:40

Познат идентитетот на велосипедистот прегазен на „Теодосиј Гологанов“

На крстосница од ул. Митрополит Теодосиј Гологанов и ул. Јуриј Гагарин вчеа вечерта се случила сообраќајна несреќа.

Патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Л.(35) од Скопје удрило во велосипедистот Ѓ.Ч.(34) од Скопје.

-По незгодата велосипедистот Ѓ.Ч. бил пренесен во Градската Општа Болница „8ми Септември“ каде од доктор му се констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.