Познат идентитетот на убиената гостиварка, осомничениот сопруг во бегство
Шеесетгодишната гостиварка Џ.И. утрово е најдена мртва во семејниот дом со повеќе рани од остар предмет. Осомничен е сопругот, 67-годишниот Б.И. по кој полицијата трага.
Настанот видно ги вознемири повеќето соседи во гостиварската населба Бањешница кои од утрово се обидуваа да разберат што се случило во нивна близина. Повеќето беа зачудени од настанот, бидејќи како што рекоа, биле сосема нормални луѓе и ништо не навестувало дека утрово ќе има трагичен исход.
Од СВР Тетово информираа дека В.И. (30), син на починатата, утрово околу 06:40 часот пријавил дека на креветот во спалната соба ја пронашол неговата мајка без знаци на живот и со повреди по телото. По пријавата, екипа од полициски службеници и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар извршиле увид, во координација со екипа на крим техника од МВР.
Засега не е познато што довело до трагедијата, но неофицијално станува збор за расправија поради нарушени меѓусебни односи.
Издадени се наредби за обезбедување и прибирање на траги за натамошно вештачење и за обдуција на телото.
Ново на Сител
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка