Позитивни состаноци за грчкиот долг во Вашингтон
За вториот преглед на грчката програма и прашањето за долгот, најверојатно ќе се дискутира на состанокот на еврогрупата, што веројатно ќе се одржи на 7 декември, изјави висок официјален претставник на грчкото Министерство за финансии во Вашингтон, по средбите на министерот за финансии Еуклид Цакалотос и заменик министерот за финансии Јоргос Хулиаракис на маргините на годишниот состанок на ММФ и Светската банка.
Директорката на ММФ, Кристин Лагард, му рекла на Цакалотос дека правилата на Фондот не се променети и оти двата услови за враќање ММФ во грчката програма за спас се „силна програма и одржливост на долгот“, јавува дописникот на МИА од Атина. Истиот извор рекол дека не постои договор меѓу Лагард и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за грчкиот долг. Шојбле го поддржува тоа дека извештајот на ММФ за одржливоста на долгот е основа за вклучување на ММФ, а не предуслов, ставот кој грчката страна го отфрла.
Според претставникот на грчкото Министерство за финансии, општо чувство на грчката делегација, по завршувањето на средбите во Вашингтон е дека сега има повеќе играчи во играта, кои сакаат брзо завршување на вториот преглед и решение за грчкиот долг, од оние кои го избегнуваат.
Грчката влада повторно побара враќање на ММФ во грчката програма. Тој рекол дека ќе има голем проблем ако мерките на среднорочен и долгорочен дел од долгот не се воспостават и се одложат до следното лето. Во овој случај неизвесноста ќе надвладее и ќе има негативно влијание врз инвестициите, а Грција нема да биде вклучена и во програмата за квантитативно олеснување на Европската централна банка. Тој исто така истакнал дека постојат земји, како Финска, Австрија, Холандија, кои сакаат ММФ да учествува во програмата и тоа е позитивно, бидејќи така се ангажираат и институции, како што е Еврогрупата.
На денешниот состанок на Еврогрупата се очекува да се одобри исплатата на транша од 2,8 милијарди евра за, со оглед на тоа што претставниците на кредиторите во својот извештај информираат дека сите досегашни активности од првиот преглед се исполнети и нема отворени прашања.
Претставниците на институциите ќе се вратат во Атина на 18 октомври за да започнат преговори за вториот преглед.
Грчката Влада верува дека вториот преглед треба да се заврши на време, со цел да се избегнат изговори или одложувања во дискусијата за долгот.
- Нашата цел е вториот преглед да биде завршен до крајот на ноември, рекол истиот официјален претставник на грчкото Министерство за финансии.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес