Пожарот во Зрновци уништи 300 хектари шума
Околу 300 хектари нискостеблеста дабова и букова шума уништи пожарот во Зрновци кој 12 часа дивееше во атарот на селата Видовиште и Теранци.
Пожарот е изгаснат доцна синоќа од кочанската територијална единица и Шумското стопанство „Осогово“. Нивни екипи ноќеска беа на терен и ја следеа состојбата.
- Од пожарот е направена голема материјална штета. Екипите остануваат на терен за да не дојде до повторна појава на пожар на одделни места кои се наоѓаат длабоко во шумските предели на планината Плачковица, изјави раководителот на Центарот за управување со кризи во Кочани Благој Николов.
Денеска ќе бвидат направени анализи за причините на пожарот ко, според очевидци, бил предизвикан од невнимание на човечки фактор.
Во гаснењето на пожаерот учествуваа вработени во Комуналното јавно претпријатие „Водна кула“ и жители од општина Зрновци.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани