-->
-->
Пожарот во Монтана предизвика евакуација и затворање на патишта
-->
Пожарот што синоќа избувна во западна Монтана се прошири на 2.000 хектари и ги принуди властите да го евакуираат населението и да ги затворат патиштата.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа во близина на градот Елмо во близина на езерото Флетед. Еден од началниците на локалната противпожарна единица наредил евакуација на околу 30 куќи во близина на Елмо.
Во извештај на Министерството за транспорт на Монтана се вели дека автопатот меѓу Хот Спрингс и Елмо е затворен. Мрежата Ен-Би-Си јави дека во моментов гори трева и ниска вегетација, предупредувајќи дека огнената стихија брзо се движи кон блиските шуми.
Во гаснењето на пожарот учествуваат канадери и хеликоптери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.