Пожарот во Мариово не стивнува, нема опасност за верските објекти
Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, но, има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен - Смолани.
Ирена Стерјоска Локвенец, началник на прилепскиот кризен штаб, информираше дека одбраната од пожарот најмногу е концентрирана околу Крушевица, кон селото Дуже, над селото Прилепец, а кај селото Селце го чуваат манастирот „Свети Димитрија“.
- Тимовите работат интензивно кај Дрен и Смолани за пожарот да не се прошири во кавадаречкиот регион, а на располагање во вкупните сили денеска се 100 припадници на АРМ, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП „Национални шуми“ , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население. Голема благодарност до сите кои вчера излегоа во голем број и успеавме да ги зачуваме објектите и да ги локализираме жариштата што беа активни. Во овој момент, потенцирам, нема опасност за верските објекти и нема простор за загриженост, подвлече таа.
Горат, главно, трева и нискостеблести растенија, а интервенираат и два авиона. Како што проценуваат од ЈП „Национални шуми“, околу 16.000 километри.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки