Пожарот во централна Грција што се прошири и во областа Атика сè уште активен – уапсени две лица и изгорени над 6.500 хектари

Пожарот што во петокот наутро избувна во областа Виотија во централна Грција веќе е проширен и во соседниот регион, областа Атика поширокиот регион на Атина, а според метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, изгорена е површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот веќе трет ден е без контрола, проширен е на голема површина и постојат повеќе активни жаришта, а изгорени се и куќи, иако штетата дополнително ќе се проценува.
Интервенираат 496 пожарникари со 134 возила, меѓу кои и 23 пожарникари со четири возила од Франција и 23 пожарникари со четири возила од Романија, кои од почетокот на летово се во Грција во рамки на програмата што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита.
За конкретниот пожар што избувна во Виотија и се прошири во Атика, по истрагата спроведена од Дирекцијата за истрага на кривични дела поврзани со подметнување пожари при Противпожарната служба на Грција упасени се две лица.
На местото каде што започна пожарот, бил извршен специјализиран увид и произлегло дека во приватна мрежа за пренос на електричната енергија од ветерници до главната електроенергетска мрежа дошло до осцилација на проводниците, што создало искри, кои паднале на земја и го предизвикале пожарот, што потоа се прошири во големи размери од Виотија кон Атика.
Истрагата била насочена кон лицата одговорни за проектирањето, изградбата, надзорот и правилното функционирање на конкретната мрежа, при што биле уапсен електроинженерот, кој ја потпишал проектната документација и вршел надзор над проектот и изведувачот, кој бил задолжен за изградбата на мрежата за пренос на електрична енергија.
Според сателитските снимки обработени од метеоролошката служба на Националната опсерваторија во Атина, заклучно со вчера напладне во пожарот во областа Виотија изгореле околу 3.000 хектари, додека пак во пожарот во Порто Гермено што припаѓа на областа Атика, огнената стихија зафатила површина од околу 3.570 хектари.
Освен пожарот во централна Грција, активен е пожар и во југоисточниот дел на островот Кефалонија, што избувна кусо по полноќ, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација на неколку села во непосредна близина.
МИА
Ново на Сител
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
