Пожарот над дебарското село Гари целосно локализиран
Откако вчера попладне беше ставен под контрола, големиот пожар на планината Стогово, над дебарското село Гари, е целосно локализиран, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.
- Пожарот над селото Гари, на планината Стогово, вчера го ставивме под контрола, а денеска е целосно локализиран. Бидејќи врне дожд нема никаква опасност повторно да се разгори, рече Мифтароски.
Според него, опожарена е површина од над 75 хектари сува трева, ситно стеблеста, како и високо стеблеста шума.
Со пламените јазици четири дена се бореа дебарските пожарникари и вработените на дебарската подружница “Стогово” на ЈП „Национални шуми”.
Постоеше опасност пожарот да се прошири до селото Гари, а потоа и Осој, чии жители беа видно загрижени.
Ново на Сител
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје
-
До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието
-
Тајван ги зајакнува безбедносните врски со САД и сојузниците
-
Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија
-
Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители пред Комисијата за политичкиот систем
-
Мицкоски во посета на Брисел
-
Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан
-
Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски следната недела