Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори, чади и тлее. Два дена интензивно се гаснеа пламените јазици кои се движеа помеѓу селата Драгоево и Селце. На терен постојано беа 15 пожарникари со 4 противпожарни возила, а подоцна им се прикличија уште 4 возила на македонската интервентна единица. Досегашните аналаизи на пожарникарите покажале дека дури 80 % од пожарите на отворено се подметнати, но за конкретниот пожар на планинат Серта дополнително треба да се утврди причинителот. Жителите на село Селце, кои доминантно се од турската етничка заедница велат дека, огнот ги зафатил најдобрите пасишта, каде си ја напасувале стоката, со што им е причинета огромна штета.
- Ако ја напасуваш стоката таму, има млеко колку што сакаш. Многу е убаво местото, ама „аир да не види, ако некој ги запалил“. Многу ми е жал, за пожарите во цела Македонија, изјави Алиф Сание, жителка на с. Селце
Според првичните информации од терен, огнот зафатил поголеми површини со даб, смрека, висока трева и нискостеблести растенија. Добро е тоа што огнот наместо кон селата под влијание на ветерот го сменил правецот и почнал да се движи кон врвот на планината.
Овој дел од планината Серта секоја година гори, а пожарникарите се справуваат со огнените стихии и ги бранат куќите на овие села од огнените јазици. Во моментот на истокот од државата активни се уште 3 пожари, кај с. Јунузлија во општина Карбинци, кај кочанското село Нивичани и на планината Голем готен во Малешевијата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар