Пожарот на Пелистер локализиран и под контрола
Пожарот што вчера избувна на Баба Планина, под врвот Пелистер, е локализиран и под контрола, потврди раководителот на Битолската територијална противпожарна единица Костадин Поповски.
Поповски за МИА изјави дека професионални екипи и доброволци и денеска ќе ја следат ситуацијата на терен.
- Пожарот е во должинска линија од околу еден километар. Во текот на вчерашниот ден гореше само сува трева и опожарени се неколку хектари од тревата. Но, важно е да се истакне дека не е предизвикана никаква штета врз националниот парк „Пелистер“. На терен се професионални екипи од Битолската противпожарна единица, Дирекцијата за спасување во кризни ситуации, вработени од Националниот парк „Пелистер“ и доброволци, истакна Поповски.
Пожарот избувна кај месноста наречена „семафорите“, локација од која на една страна се оди кај месноста „антена“, а на другата страна кон Големо Езеро. За гаснење беа вклучени два канадера кои спречија поголемо ширење на пожарот кога во попладневните часови имаше силен ветер.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка