Македонија
9. November 2021 - 14:11

Пожарот кај Транспортен центар е трет пожар во ист стан во кој живее лице кое собира и пали отпад | ВИДЕО

Во близина на Транспортниот центар, во населба Пролет, денеска изби пожар, а според информациите, тој настанал од запалено ѓубре во стан на приземниот кат.

Според првичните извештаи се работи за лице кое живее сам и во својот стан собира отпад којшто повремено го пали.

Денешниот е трет сличен инцидент со подметнат оган во истиот стан.

Пожарот е изгаснат и во него нема повредени станари.