Пожарникарите на Родос и Евија сѐ уште се справуваат со пожарите, повторно превентивни евакуации
Пожарите во југоисточниот дел на Родос и во јужниот дел на Евија и понатаму се активни, а пожарникарите се борат за огнените јазици да останат подалеку од населени места, додека пак преку бројот за итни случаи 112 попладнево имаше нови превентивни евакуации, јави дописничката на МИА од Атина.
Двата грчки острови се пред уште една тешка ноќ со оглед на тоа што постојат континуирани разгорувања на активните жаришта, пожарите се уште не се под контрола, а по стемнувањето не интервенираат воздушните средства.
На Родос гори веќе седми ден, на Евија пожарот избувна вчера, додека пак и оној во северниот дел на Крф сѐ уште е активен.
Министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас во изјава за државната телевизија ЕРТ рече дека „веќе 12-ти ден под екстремни услови на топлотен бран и силен ветер без престан се бориме на десетици фронтови на шумските пожари“ и истакна дека противпожарната служба во овој период требала да се справи со над 500 пожари.
Дополнително соопшти дека се зголемуваат казните за подметнување пожар, но и двојно се зголемува персоналот во Дирекцијата за спречување на криминални дела- подметнување пожари.
Поради пожарите во Грција, вечерва во Атина се одржаа два протести, еден пред Парламентот, а другиот пред Министерството за цивилна заштита и климатски кризи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?