Пожарникари отстраниле змија која се појавила во стан на петти кат во Тетово
Тетовските пожарникари вчера во стан на петти кат успешно интервенирале и отстраниле змија. Повикот стигнал околу 18 часот и 30 минути во зграда на улица „Борче Кочовски“. Пожарникарите за кратко време успеале да ја фатат змијата и да ја изнесат безбедно од станот.
– На повикот реагираше една екипа, се јави жена која се уплашила многу и не повика нас. И таа не знаеше што или била голема и излегла од станот. Ние имаме соодветна прачка, стап со која се фаќаат змии, успеавме да ја извадиме од станот и да ја однесеме во соодветна установа, изјави Ука Алити, командант на тетовската територијална противпожарна единица.
Во текот на 2022 година седум пати досега по повик на граѓаните, пожарникарите интервенирале и отстранувале змија.
– Досега тоа било направено од возила и дворови но прв пат и од стан во Тетово. Во возилата и дворовите ги има најмногу поради топлото време. Најмногу се интервенирало кога змиите влегуваат во возила бидејќи се оставаат од граѓаните во природа кога се оди на излет. Граѓаните ни се јавуват и ни бараат помош и ние велат нема друга институција каде да се јават и затоа од нас бараат да интервенираме. Ние имаме ракавици и заштитна опрема, објаснува Ука Алити.
Тој апелира граѓаните да внимаат и самите да не преземаат ништо, туку да ги повикаат пожарникарите. Интервенирале и при спасување на кучиња и мачки од тешко пристапни места.
Ново на Сител
-
Ковачевски: За голема среќа вчерашните настани не резултираа фатално за граѓаните
-
СПМ: Најостро го осудуваме вчерашниот инцидент кој можеше да одземе човечки живот
-
Левица: Владата ги жртвува Македонците и Албанците за да остане на власт
-
Макрон: Останува на вас Македонците да се изјасните, моќта да го смените текот на историјата е во ваши раце
-
Нови 355 случаи на КОВИД-19, еден починат
-
Грчкиот министер за одбрана: Мега грешка беше безусловното доделување на македонски јазик и идентитет на соседите
-
РКЕ: Во текот на денот нова одлука за цената на горивата
-
Од утре до недела дожд и опаѓање на температурите