-->
-->
Пожарникари од Гевгелија и Дојран го изгаснаа пожарот кај селото Ѓопчели
-->
Пожарот кој избувна околу 15 часот на отворено кај селото Ѓопчели, Општина Дојран и зафати сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума е изгаснат.
Преходно Центарот за управуање со кризи (ЦУК) информираше дека по дојавата за пожарот на терен веднаш излегле пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и двајца пожарникари и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран со едно возило и три пожарникари.
Според информации од теренот, пожарот избувнал под Ѓопчели, на локација меѓу патот за Дојран и селото.
На 5-ти овој месец имаше голем пожар кај селото Николиќ, кое е во близина на Гопчели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија