Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите
Во рамките на програмата преку европскиот механизам за цивилна заштита 240 пожарникари од Бугарија, Малта, Молдавија и Романија летово ќе престојуваат во Грција за да им помогнат на нивните грчки колеги во гаснењето на пожарите, програма што ќе се спроведе трета година по ред, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција, европските пожарникари, со противпожарни возила, постепено ќе бидат распоредени од почетокот на јули до средината на септември во три оперативни бази: во областа Атика поширокиот регион на Атина, во Солун и во областа Ахаија на северот од Пелопонез.
Пожарникарите од Бугарија од вторникот се во Солун, а на 15 јули ќе пристигнат и нивните колеги од Малта и Молдавија.
Конкретната програма првпат беше имплементирана во Грција во текот на летото во 2022 година, а сега се спроведува на проширен начин, бидејќи зголемен е бројот на земји кои ќе учествуваат и со испраќање и со прием на пожарникари.
Оваа година учествуваат вкупно 12 земји Австрија, Бугарија, Грција, Латвија, Малта, Романија, Словачка, Финска, а за Молдавија, Словенија, Естонија и Италија е прво учество.
Во рамките на програмата, вкупно 556 пожарникари ќе бидат распоредени во Грција, Франција, Шпанија и Португалија, со цел да се обезбеди помош во справувањето со шумски пожари, како и размена на знаење.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро