Македонија
30. August 2017 - 15:27

Пожар во Зајас, ангажирани авиони на ДЗС

На територијата на општина Зајас е активен пожар на тешко пристапен терен, а во неговото гаснење се ангажирани авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), соопшти попладнево ДЗС.

Како што се потенцира во соопштението, ДЗС е во состојба на зголемена будност.

- Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на државата и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор, наведува ДЗС.