Loading Video...
Свет
15. December 2021 - 12:23

Пожар во СТЦ во Хонгконг: Најмалку 7 повредени, а над 300 луѓе се заробени на покривот

Голем пожар изби денеска во СТЦ во Хонгконг при што повеќе од 300 луѓе останаа заробени на покривот од зградата. 

Кинеските медиуми инфомираат дека најмалку 7 лица се повредени во зградата која има 38 ката.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал во просторија во која биле сместени машини што на крајот довело до палење на скелето, бидејќи зградата моментално се реновира. Полицијата соопшти дека една 60-годишна жена е во болница во полусвесна состојба поради вдишување чад а уште две лица не се чувствуваат добро.