Македонија
4. July 2017 - 22:16

Пожар во стан во Струмица, баба и четиригодишен внук спасени

Денеска околу пладне избил пожар во стан на вториот кат од станбената зграда во Струмица. Во моментот на пожарот, навреме се евакуирани баба и внук, како и останатите станари. Шест пожарникари за петнаесетина минути успеале да го угасне пожарот. 

Четиригодишното дете е пренесено во болница заради вдишување на чадот од пожарот.

Според првичните сознанија, се работи за неисправна електрична инсталација.