Македонија
30. January 2020 - 12:53

Пожар во скопското средно училиште „Јосип Броз Тито“

Пожар пред помалку од 30 минути избувнал во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје.

пожарот се случил внатре во самото училиште по што сите ученици веднаш биле евакуирани и извадени надвор од школскиот двор, пишува Курир.

Пожарот според очевидци не бил видлив однадвор и истиот бил изгасен од страна на пожарникарите.

Во овие моменти учениците се ослободени од настава и истата во текот на денот нема да се одржи.

На лице место има и две против пожарни возила.