Македонија
11. October 2018 - 11:05

Пожар во Скопје

Вчера во 20.39 часот било пријавено дека на улица „Лепенечка“ во Скопје била опожарена шупа, сопственост на Д.М.(75) од Скопје.

Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денот.