Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад
Пожар избувна во складиште за гориво во рускиот град Сочи на Црното Море по напад со украински дрон, информира денеска гувернерот на Краснодарската територија Венијамин Кондратиев на Телеграм.
Пожарот започна од запален танкер. Кондратиев додаде дека повеќе од 120 пожарникари се мобилизирани за да го изгаснат пламенот.
Регионалниот гувернер напиша дека целта била во областа Адлер во Сочи, каде што минатиот месец загина жена во украински напад со дрон.
Танкерот имал капацитет од 2.000 кубни метри, соопштија локалните службеници на службите за итни случаи, цитирани од руските медиуми.
Во исто време, руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, објави на Телеграм дека летовите до и од градскиот аеродром се откажани од безбедносни причини.
Претходно, градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин, објави воздушна тревога.
-Внимание! Постои закана од дронови на територијата на градот Сочи, напиша Прошунин на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-
Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
-
ЕРТ: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
-
Три лица приведени по претреси во Кочани и Штип - пронајдена е марихуана
-
Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии
-
Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник
-
Четири лица загинаа при пад на медицински авион во американската држава Аризона | ФОТО
-
Националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида за време на натпреварот Шкендија-Карабах | ВИДЕО
-
На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување