Македонија
10. January 2020 - 14:59

Пожар во семејна куќа во Битола

Вчера во 07.44 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија од куќа сопственост на Р.Б.(65) на ул.„Нектариј Битолски“ во Битола, при што бил опожарен дел од кујната и покуќнината. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.