-->
-->
Пожар во прилепско - изгоре цела плевна
-->
Избувна пожар во прилепско, изгоре цела плевна. Според информациите на полицијата, вчера во 05.55 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во село Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И.(75), во плевна и магацински простор настанал пожар во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини. Исто така, била опожарена и кровната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната. Повредени лица нема. Во 13.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил бил изгаснат и бил извршен увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија