Македонија
1. April 2022 - 18:01

Пожар во поранешно училиште во Пржино | ВИДЕО

Попладнево избувна пожар во скопско Пржино.

Станува збор за поранешен објект на училиште и во него немало лица. На терен се излезени екипи на полицијата и четири возила на противпожарната служба од Скопје, кои се уште интервенираат.

Напуштеното училиште е во близина на неколку населени куќи, поради што се прават максимални напори пожарот да не се прошири.

Причините за пожарот засега не се познати.