Пожар во општина Зелениково

Пожар избувнал доцна попладнево на територијата на општина Зелениково во атарот на село Страхојадица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Пожарот веќе добива сериозни димензии затоа што веќе е навлезен во квалитетна шума, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Според ЦУК, локализиран е пожарот над Ајватовци, што беше активен од вчера откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак,
-Се работи на негово догаснување, хеликоптерите се повлекуваат од овој пожар, но за жал се појави нов пожар на територијата на општина Зелениково каде упатуваме армиски хеликоптер. Во догаснување на пожарот кај Ајватовци се вклучени скопската Противпожарна бригада како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволци од доброволното друштво од Свети Николе, рече Ангелов.
Со интервенцијата од воздух е спречено проширување на пожарот кон манастирот над кој се наоѓа селото. -Веќе нема опасност за манастирот и селото и верувам дека многу бргу пожарот ќе биде целосно изгаснат. Ќе се следи состојбата за да не дојде до негово повторно разгорување, посочи Ангелов.
Претходно од ЦУК соопштија дека пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
