-->
-->
Пожар во околината на Охрид, на терен десет пожарникари со четири возила
-->
Пожар попладневно избувна во месноста Дебело поле во близина на охридската населба „Радојца Новичиќ“, северно од градот. Во пламен е трска и нискостеблести растенија.
На терен е интервенирано со четири возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица - Охрид. Пожарот е локализиран, противпожарните екипи дејствуваат по рабовите на пламенот за да се спречи негово ширење кон објекти во близината.
Според проценките, опожарена е површина од околу три илјади метри кадратни.
Причините за пожарот засега не се познати, но според пожарникарите најверојатно се работи за човечки фактор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Димитриеска-Кочоска: Економијата се опоравува и стабилизира, во четвртиот квартал раст на БДП од 3,2 проценти
-
Приведен 56 годишен тетовец за лихварство
-
Аморим: Она што се обидуваме да го изградиме е поважно од освојување трофеј во моментов
-
ФИА го отфрли првиот сериозен протест на Ред Бул за 2025 година
-
Реал со гол предност против Атлетико, Арсенал ги декласираше ПСВ, Борусија Дортмунд и Лил ремизираа во осминафиналето на Лигата на шампионите
-
Џејмс стигна до рекордни 50.000 поени во НБА
-
Монако го продолжи договорот со Минамино