-->
-->
Пожар во млекара во велешко Ногаевци
-->
Во пожар што избувнал изутрината околу пет часот во млекара во село Ногаевци изгореле кровната конструкција и дел од машините.
По брза интервенција на противпожарната единица од Велес со две возила и едно од Неготино, како и цистерна од ЈКП Дервен од Велес, пожарот бил изгаснат во 10 часот и 30 минути, информираа од Територијалната противпожарна единица Велес.
Како што изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес, во пожарот изгрела кровната конструкција и дел од машините во млекарата.
Увид на лице место се уште врши екипа на СВР Велес.
Материјалната штета ќе се утврдува дополнително.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист