Македонија
19. December 2021 - 16:24

Пожар во куќа во Побожје, почина 35 годишно лице

Почина 35 годишно лице при пожар во куќа во Побожје.

- На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.