Пожар во каменичка Дулица, противпожарните екипи се уште на терен

Во два одделни пожара кои денеска избувнаа во атарот на село Дулица, Македонска Каменица опожарена е борова шума на површина од близу два хектара.
Според информациите на Малин Трајчевски, одговорно лице од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, првиот пожар избувнал рано утрово и е локализиран во 7:15 часот.
- Утрово во 4:45 часот до ТППЕ во Македонска Каменица пристигна дојава за појава на пожар во село Дулица кај местото микано Козинец. Пожарот е локализиран нешто по седум часот, но во пладневните часови се појавува и нов пожар со посилен интензитет. Противпожарните екипи се на терен, пожарот иако е локализиран, се уште е активен и наша екипа се уште е на терен, информира Трајчевски.
Во гасењето на пожарите учествувале мешани екипи од ТППЕ од Македонска Каменица, Шумско стопанство и екипа на Шумска полиција од Македонска Каменица.
Според одговорните лица од ТППЕ во Македонска Каменица, симптоматично е времето и местото на појава на пожарите, при што не е исклучена можноста пожарите и во двата случаја да се подметнати.
Пожарникарите и истражните органи се на терен, а дополнителни информации тие најавија за утрешниот ден.
Ново на Сител
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
