Балкан
18. August 2015 - 8:28

Пожар на Родос

Големиот пожар што вчера попладне избувна во шумата на островот Родос, гори вон контрола, соопшти грчката противпожарна служба.

Очевидци тврдат дека пожарот во исто време почнал од пет различни страни.

Ширење на огнот предизвикуваат и силните ветрови кои дуваат во регионот. Голем број пожарникари се обидуваат да спречат пожарот да се прошири на блиската шумска област која е недостапна по копно.