Македонија
7. July 2024 - 16:58

Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци

Во Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и кординација од Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава во врска со пожар кој се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци.

Според информација добиена од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), се работи за депонија кон селото Миладиновци. Од страна на екипите од БППЗ Скопје, пожарот се гасне повеќе од еден час.

Нема информација за штети или дали истиот постои опасност да ги зафати и околните објекти.